Живот
3. January 2017 - 14:22

Симпсонови ја предвидоа и смртта на славните во 2016 година

Во серискиот анимиран филм „Симпсонови“ уште пред многу години беше „предвидено“ дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД, а сега се појавуваат и тврдења дека авторите на серијлот „пророчиле“ дека во 2016 година ќе починат некои големи музички и филмски ѕвезди.

Во 2013 година во епизодата „Love is a Many-Splintered Thing“ во една сцена се појавува актерот Ален Рикман како Северус Снап, додека во позадина оди песната на Дејвид Боуви „All The Young Dudes“. Многумина оваа сцена ја толкуваат како „таен знак“.

https://

Уште во 2008 година во епизодата „Treehouse of Horror XIX“, Хомер Симпсон го убива славниот пејач Принц, кој исто така почина оваа година.

Омено, Хомер го ангажираат тајни агенти да убие неколку ѕвезди, меѓу кои и Принц. Во истата епизода Хомер го убива и Џорџ Клуни, па обожавателите се надеваат дека, сепак станува збор само за теорија на заговор.

https://