Loading Video...
Ракомет
17. May 2019 - 19:46

Симовски ја засилува конкуренцијата за дуелите со Словенија

Женската ракометна репрезентација во на почетокот на месец Јуни ја очекуваат бараж дуели  за СП во Јапонија. По тој повод селекторот Симовски објави поширок список на ракометарки на кои ќе смета за средбите со Словенија.       

Женската ракометна репрезентација во последната сезона имаше забележителни настапи што потврдува дека квалитетот на оваа селекција оди во нагорна линија.  Токму следниот квалификациски циклус за мундијалот во Јапонија е шанса овие млади ракометарки да го потврдат тоа со успешни настапи.

Вистински предизвик ќе бидат бараж дуелите со селекцијата на Словенија. Првиот во Скопје на 2 јуни и реваншот во Цеље на 6-ти јуни.

Селекторот Симе Симовски денеска објави список на 27 ракометарки кои ќе се подготвуваат за овие натпревари. Тука е стандардниот состав кој играше во квалификациите но и неколку млади имиња како Џатевска, Кипријанова , Гајиќ и Калјџиевска кои ќе треба да ја засилат конкуренцијата во тимот.

Светското првенство во Јапонија се игра во Декември оваа година.