Loading Video...
Ракомет
18. September 2018 - 15:07

Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата и двомечот со Италија

 
 
Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојната ЕХФ неделата, што ќе се одржи од 24 до 30 септември 2018, а во која Македонија ќе одигра две контролни средби со Италија. 
 
Првиот собир Симовски ќе го одржи на 24 септември со почеток во 10 часот во спортската сала „Мајка Тереза“ при ЈУ Детски Дом 11-октомври во Скопје.
 
За овој собир на список на Симовски се најдоа следните ракометарки: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Сара Ристовска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Теодора Керамичева, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Моника Јаневска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ
 
 Дуелите против Италија се предвидени за 27 и 28 септември, а ќе се играат во сала Автокоманда во терминот од 16 часот. 
 
 
Ден подоцна, (29 септември), на истото место во исто време сениорската репрезентација ќе одигра уште еден натпревар и тоа против младинската репрезентација на Македонија .