Фудбал
19. August 2020 - 19:56

Симов: Носиме драгоцено искуство од Баку за следните средби

Фудбалерите на Силекс загубија со 4-0 од Карабах со што ги завршија натпреварите во ЛШ. Тренерот на екипата Горан Симов смета дека гостувањето од Баку против силниот противник е значајно искуство за неговиот тим пред престојните средби во Лига Европа.
„ Создадовме 4 убави шанси а Карабах 6 од кои постигна четири гола. Значи гледајќи ги статистичките податоци далеку е од катастрофа како што некој сака да прикаже. Тука се работи за разлика во класа помеѓу македонското и азербејџанското првенство во кое многу повеќе се инвестира и се разбира за нашето неискуство и огромното искуство што го има Карабах кој има настапи во групните фази во ЛШ и Лига Европа“- изјави Горан Симов.