„Сименс“ отпушта 6.900 работници
Германскиот индустриски конгломерат „Сименс“ најави укинување на 6.900 работни места ширум светот, како одговор на промените кои се случуваат во секторот енергетика.
Речиси половина од најавените кратења ќе бидат реализирани во Германија, се наведува во соопштението од компанијата.
- Кратењата се неопходни за да овозможиме нашата експертиза во технологијата на електраните, генераторите и големите електрични мотори да остане конкуретна на подолг временски рок. Тоа е целта кон која се стремиме со помош на мерките кои ги преземаме, изјави директорката на Одделот за човечки ресурси на „Сименс“, Јанина Кугел.
Акциите на компанијата, кој вработува 372.000 луѓе ширум светот, незначително се намалија на берзите по најавата за отпуштање работници.
Пред две години оваа фирма отпушти 7.800 луѓе поради реструктуирање на правецот на производството, а пред тоа беа укинати 10.000 работни места.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк