Фудбал
23. December 2016 - 9:08

Силва останува во ПСЖ

Капитенот на ПСЖ Тијаго Силва го продолжи договорот со клубот до 2020 година.
Бразилецот кој има 32 години во Париз пристигна во 2012 година од Милан и веднаш стана еден од клучните играчи.
 
Силва досега за ПСЖ има одиграно 120 натпревари и постигнато седум голови.
 
„Горд сум што сум капитен на тимот кој во последните две години освои сѐ во Франција и игра добро во Лигата на шампионите. Имаме уште многу желби кои сакаме да ги оствариме. Верувам дека ќе ги оствариме желбите и дека навивачите ќе имаат многу можности за радост“, рекол Силва.
 
ПСЖ, оваа сезона ја мина првата фаза во Лигата на шампионите, а во првенството се наоѓа на третото место со три бода помалку од Монако и пет од лидерот Ница.