Силва: Драго ми е што поминав 10 години во Манчестер сити, сè беше совршено
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва, даде проштално интервју пред да го напушти англискиот тим.
– Сè беше совршено за мене. Кога пристигнав во Манчестер сити, не мислев дека ќе останам овде толку долго. Покрај фудбалот, трофеите и други работи, секогаш ќе се сеќавам на љубовта кон луѓето, и ова е најважната работа. Потпишувањето на договор со Манчестер сити е една од најдобрите одлуки во мојот живот, навистина ми се допадна овде, како и на семејството. На крајот на краиштата, не е секогаш лесно во странска земја, но имав среќа. Дадов максимум, имам добра статистика, но цело ова време имавме одличен тим со висок морал. Горд сум што поминав толку време во Манчестер сити, изјави Силва.
Шпанецот е во Манчестер сити од 2010 година, со 433 настапи за тимот, 77 голови и 140 асистенции.
На крајот на сезоната 2019/20 година, 34-годишниот Силва ќе го напушти клубот.
Ново на Сител
-
Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување
-
Бектеши: Носиме одлуки за граѓаните, а не за лични интереси на одредени членови на коморите
-
Кузеска: Очигледно големи се внатрепартиските проблеми во белата палата
-
Само Вест Хем полош од Манчестер јунајтед од сите премиерлигаши изминатите 18 месеци на гостински терен
-
Пронајдено младенче лав на патот во Суботица
-
Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков
-
Танески нов селектор на македонската кадетска ракометна репрезентација
-
Словачка и Украина се договорија за трговски систем за жито