Живот
11. August 2018 - 14:59

Силувал и брутално убил девојче од 7 години: Сега му беше извршена смртната казна, а ова се неговите последни зборови

Били Реј Ајрик во 1985 година е осуден поради силување и убиство на седумгодишното девојче Паули Дајер кое го чувал, а пред да биде извршена смртната казна во четвртокот во Тенеси, ги изговорил последните зборови: „Само сакам да кажам дека навистина ми е жал“.

Оние кои присуствуваа на погубувањето, прво такво во последните 10 години, рекоа дека изјавил каење поради она што го направил.

Ролетните меѓу собата за погубување и просторот во кој биле сведоците се кренале во 7:26 часот, а само минута подоцна, Ајрик го прашале дали сака да каже некои последнеи зборови пред смртоносната инјекција. Прво рекол дека не сака, па се предомислил. Потоа ја испратил последната порака во која рекол дека навистина му е жал за се.

Минута подоцна, ги затворил очите, а се слушнало гласно и тешко дишење. Во 7:34 се слушнало кашлање, пригушени и длабоки вдишувања. Лекарот почнал тогаш да го повикува по име, а птоа го прегледал, му ги претресол рамената, но немало никаква реакција. Две минути подоцна, не се слушале никакви звуци, а лицето на Ајрик добило виолетова боја. Прогласен е за мртово во 7:48 часот.

Ова е прва смртна казна извршена во Тенеси од 2009 година.

Од последната смртна казна во оваа американска сојузна држава, таа се соочува со бројни предизвици и потешкотии со обезбедување лекови за погубување. Врховниот суд во понеделникот ја одби молбата на Ајрик за откажување на егзекуцијата, со образложение дека нема да успее тужбата на затвореникот со која се оспоруваат лековите кои се користат за извршување на казната.

Последниот оброк на Ајрик пред погубувањето беше хамбургер и пржени кругови кромид.

Со тоа пиел и Пепси кола. Осудените на смрт имаат право на последен оброк во вредност од 20 долари.

59-годишниот Ајрик овој месец е преселен во соба во која посебно се чуваат осудениците на смрт, а покрај тоа имал и посебни огранучувања во однос на посетите.

Тој првобитно требало да биде погубен во јуни 1987 година, но неговите адвокати поднесувале многу жалби. Се повикувале на неговата непресметливост, а наведувале дека користењето на електрична столица е противуставно.

Во јули годинава неговиот адвокат побарал одложување на погубувањето поради протоколот со смртоносна инјекција. Државата тенеси првпат користеше комбинација на средство за смирување, средство за опуштање на мускулатурата и средство со кое се запира работата на срцето. Било прашање дали е таа комбинација добра кога е во прашање запирањето на болката, но не е докажано дали користењето на оваа комбинација на средства во смртоносната инјекција предизвикува мачење на осуденикот.

Мајката на убиеното девојле Паули, Кети Џеферс истакна дека нема сочуство за Ајрик.

„Поради она што го направи, сега се наоѓа овде. Доста ми е слушање за неговата болка и страдање. Што е со болката на мојата ќерка? Имаше само 7 години кога е силувана и задавена. Жал ми е, но немам сочуство воопшто за неговата болка. И воопшто не сочувствувам со него. Бог нека ми прости’, рече таа.