Балкан
11. August 2020 - 19:27

Силно невреме зафати делови од Хрватска

 Силно невреме со грмотевици и врнежи од дожд зафати голем дел од хрватска Загора, делови од цетинскиот регион и во околината на Шибеник, објави порталот Далмација Данас.

Обилни врнежи од дожд се регистрирани на подрачјето на Биоково, каде локално за многу кратко време паднале до десет литри дожд на метар квадратен, а забележани биле и интензивни грмотевици.

На подрачјата зафатени од невреметото за кус период температурата се намали за над пет степени.