Балкан
18. August 2016 - 19:38

Силно невреме во Србија: Во Крупањ поплавени улици, се излеа канализацијата

Страшно невреме го погоди денеска Крупањ и го поплави местото.

Обилните врнежи доведоа до излевање на канализацијата, која е пуштена во работа пре помалку од половина година.

Оваа општина беше и меѓу најпогодените во текот на мајските поплави во 2014 година.

Тогаш водата ги однесе куќите, автомобилите, а активираше и свлечишта и многу луѓе останаа без покрив над главата.

Во таа прилика беше оштетена и канализацијата која дури пред неколку месеци беше пуштена во употреба, а поради денешните поплави, повторно дојде до излевање.