Македонија
23. July 2018 - 17:53

Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Силното невреме што денеска го зафати Прилеп проследено со пороен дожд и град им направи огромни штети на земјоделските култури. 

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури. 

Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони. 

Земјоделците велат дека вакво невреме не паметат последните 25 години. 

Ново на Сител