Македонија
5. August 2020 - 14:09

Силно невреме со ветар го зафати Делчево

Невреме со силен ветар денеска околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви, меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот.

Во моментот на паѓањето на покривот немаше случајни минувачи и автомобили, освен еден граѓанин кој во тој момент поминувал од спротивната страна спрема зградата каде падна лимениот покрив.

Поради врнежите од дождот во моментот ветрот стивна и е со послаб интензитет. Освен паднатите лимови од кровните конструкции од силниот ветар настрадаа и повеќе кабли поставени на пониските бандери, како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.