Балкан
3. October 2018 - 14:45

Силно невреме на Хвар - поплави и пијавици

Силно невреме со обилни врнежи во вторник го зафати хрватскиот остров Хвар, поради што бројни куќи и пристаништа беа поплавени.
 
До 22 часот хрватските пожрникари 15 пати испумпуваа подруми, апартмани, угостителски и трговски објекти, а падна и ѕидот на хотелот „Амфора“, пренесоа хрватските медиуми.
 
Како што наведува, невремето нафрли големи количини камења на патиштата, поради што итните служби имале многу работа.
 
Најмногу дожд падна во периодот меѓу 17 и 20 часот, кога паднаа стотина литри дожд по квадратен метар.