Балкан
18. August 2016 - 21:30

Силно невреме ја погоди западна Србија

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер доцна попладнево и вечерва го погоди реонот на градовите Ужице, Пожега и Косјериќ во западна Србија, јави Танјуг.

Српскиот Хидрометеоролошки завод соопшти дека на мерното место во Душковци, во близина на Пожега, наврнале 88 литри дожд на метар квадратен.

Според првичните информации, невремето предизвикало штети на некатегоризираните патишта во руралните делови на општините Косјериќ и Пожега.