Македонија
15. July 2020 - 21:39

Силјановска: Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните

Од она што го видов мислам дека гаранција за безбедност имаше, чинам дека заштитени беа членовите на Избирачкиот одбор, набљудувачите, имаше дистанца и во ходниците. Она што ме изненади пријатно е тоа што кутијата беше речиси полна, едвај го спуштив ливчето, истакна Силјановска Давкова по нејзиното денешно гласање.

Значи дека народот е загрижен со право за сопственото здравје, но мислам дека и за здравјето на државата. Изборите се момент кога суверенитетот се враќа кај изворот, кај граѓаните.

Јас сум убедена дека тие ќе донесат мудра одлука како и секогаш во најтешките моменти во историјата за Македонија, за македонскиот народ, за македонската демократија и за европската иднина на Македонија.