Силјановска Давкова: За образовна реформа треба сериозен пристап и консултација со сите фактори
Во гостување во Дневникот на Сител, професорката и пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска во врска со новата образовна реформа и интеграцијата на историјата во заеднички предмет, вели дека за образовна реформа треба сериозен пристап и консултација со сите фактори и институции, не реформа - заради реформа, а ова е најлошо време за реформа врз деца.
-Ние имаме документи Македонската академија, Институтот за национална историја, Институтот од филолошки факултет, на сите институции и јас не би се осудила кога би била министерка ако сум човек кој имплицира знаење и образование да не ги послушам и да не размислам, сигурно министрите не се најумните, тие се слуги на граѓаните, а за вакви реформи треба време како што вели претседателот на МАНУ, и треба сериозен пристап, а околу реформите сум кажала многу пати, реформи во вакви тешки времиња на здравствена криза не се прават особено не со деца, посочи Силјановска Давкова.
Силјановска вели дека потребна е консултација со сите фактори, за да не се прави реформа, заради реформа.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата