Сиљановска Давкова за ИПАРД: Строго треба да се санкционира злоупотребата, одговорност мора да има

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност.
- ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или однесувањето во рамките на владеењето на правото или однесувањето како добри домаќини кон средства коишто ни се дадени на помош е многу, многу важно. Строго треба да се санкционира злоупотребата. Не е првпат да се соочиме на феноменот на злоупотреба. Тоа не е добро. Значи одговорност мора да има, нагласи Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Општина Ресен.
Министерството за финансии вчера соопшти дека преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, Македонија донела одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Како што беше појаснето, ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
- За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. Тој рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.
Ново на Сител
-

НБА го претстави новиот формат на Ол-стар натпреварот
-

Герасимовски: Центар е лидер во дигитализација, електронски упис на првачиња, персонализирани известувања од градинки и мерачи на бучава
-

Аеродром прва општина во државата со фискална едукација во основните училишта
-

Нова лабораторија за работа во дрво отворена на Факултетот за ликовни уметности - Скопје
-

Приведен скопјанец, при претрес на неговиот дом пронајдени се 2 килограми марихуана | ВИДЕО
-

Лекар од Македонија намерно прегази куче во Софија, се соочува со казна затвор | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-

Министерот Борко Ристовски ги пречека македонските боксери по успешниот настап на ЕП (У23) во Ереван
-

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
