Свет
7. September 2018 - 9:30

Силен земјотрес во Еквадор

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во централниот дел на Еквадор, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот бил на 94 километри јужно од градот Амбато на длабочина од 112 километри.

Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штета.