Свет
28. November 2015 - 10:04

Силен земјотрес во Чиле

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска кај северното крајбрежје на Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот бил на 32 километри под морското дно, на 140 км југозападно од градот Антофагаста, во т.н. Тихоокеански огнен прстен.

Засега нема информации за жртви и материјални штети. Не е прогласена ниту опасност од цунами.