Свет
20. September 2017 - 21:50

Силен земјотрес регистриран во близина на источниот брег на Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скла вечерва е регистриран во близина на источниот брег на Јапонија.

Земјотресот го погоди подрачјето кое се наоѓа на 281 километри источно од градот Камаиши на Хоншу, најголемиот јапонски остров. Потресот бил на длабочина од 10 километри.

Јапонската метеоролошла служба не објави предупредување за појава на цунами.