Свет
3. јуни 2017 - 10:48

Силен земјотрес регистиориран на Алеутските Острови

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 според Рихтеровата скала денеска ги погоди Алеутските Острови, кои се наоѓаат помеѓу Алјаска и рускиот брег, соопшти американскиот Геолошки завод.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епиценатарот бил на 199 километри северозападно од Ате, најголемиот од Алеутските Острови.

Се уште нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.