Силен земјотрес на Балканот, две лица загинаа и 120 се повредени во Грција
Две лица загинаа, а најмалку 120 се повредени во силен земјотрес што ги погоди грчките острови во југоисточниот дел на Егејското Море.
Неименуван претставник на болницата на островот Кос наведе дека две странски лица се загинати при удар со камења од стара зграда, што се урнала во земјотресот. Градоначалникот на Кос Јоргос Киритас потврди дека загинатите се странци.
Земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Американскиот геофизички институт, додека Опсерваторијата во Атина наведе дека тој бил со јачина од шест степени, а други грчки преставници тврдат оти неговиот интензитет бил со 6,5 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 10 километри југоисточно од крајбрежниот турски град Бодрум, а на 16,2 километри источно од грчкиот остров Кос.
Освен на грчките острови, земјотресот бил почувствуван силно и на западното крајбрежје на Турција, претежно во Бодрум, пренесува БТА.
Грчкиот државен секретар одговорен за трговската флота Нектариос Санторинос соошти дека се повредени 120 лица, и дека на островот се направени големи материјални штети. Кон Кос се испратени два хеликоптери, кои повредените оттаму ги пренесуваат на островот Родос.
На Родос, луѓето раскажуваат дека потресот бил многу силен и дека траел долго.
Во Бодрум пукнатини се појавиле на голем број згради, а болницата во градот беше евакуирана како превентивна мерка, наведуваат турски медиуми.
Очевидци на островот Кос раскажуваат дека по потресот морето се подигнало пред нивни очи, а властите предупредија за опасност од мало цунами.
Надојдените морски води поплавија крајбрежен пат и делови од главниот град на островот Кос. Морето исфрли на патот чамец, а неколку автомобили се удрија еден во друг, како резултат на мини цунамито.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово