Балкан
21. July 2017 - 14:11

Силен земјотрес и на Крит

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на грчкиот остров Крит.

Епицентарот на потресот бил 44 километри јужно од градот Јерапетра на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредни лица или причинета материјална штета