Силекс со убедлива победа ја заокружи есенската сезона
Фудбалерите на Силекс забележаа уште една убедлива победа на свој терен во Кратово и со одличен пласман го завршија есенскиот дел од сезоната. Победа од 3-1 против Академија Пандев во натпревар во кој кратовчани стрпливо ја чекаа својата шанса и по една убава акција преку Виктор Серафимовски.
По 15 минути во второто полувреме Силекс успеа да постигне и втор погодок преку Дарко Додев, но надежта на гостите од Струмица ја врати Даниел Миловановиќ во 63. минута.
Академија Пандев се обиде да израмни во следните неколку минути, но во 69. минута одбраната на гостите направи грешка по центаршутот од корнер на кратовчани, а најдобро во казнениот простор снајде Срѓан Драшковиќ, кој ги постави конечните 3-1.
Силекс со денешната победа се израмни со Академија Пандев и Шкендија на табелата со по 27 бодови, односно има осум бода помалку од лидерот Вардар.
Ново на Сител
-
Половина од рамковно вработените почнале со работа на новите позиции
-
Уставен ја одложи одлуката за Еуростандард банка за идната недела
-
Бојко Борисов го достави писмото со оставката на неговата Влада до новиот парламент
-
Трајковски: Помина пролетниот пик на коронавирусот
-
Филипче: Доаѓаат 200.000 кинески вакцини пред крајот на месецов
-
Вакцинирани 350 лица во Штип
-
И угостителите излегуваат на протест
-
Уставен суд одлучува за оштетените штедачи