Силекс со убедлива победа ја заокружи есенската сезона
Фудбалерите на Силекс забележаа уште една убедлива победа на свој терен во Кратово и со одличен пласман го завршија есенскиот дел од сезоната. Победа од 3-1 против Академија Пандев во натпревар во кој кратовчани стрпливо ја чекаа својата шанса и по една убава акција преку Виктор Серафимовски.
По 15 минути во второто полувреме Силекс успеа да постигне и втор погодок преку Дарко Додев, но надежта на гостите од Струмица ја врати Даниел Миловановиќ во 63. минута.
Академија Пандев се обиде да израмни во следните неколку минути, но во 69. минута одбраната на гостите направи грешка по центаршутот од корнер на кратовчани, а најдобро во казнениот простор снајде Срѓан Драшковиќ, кој ги постави конечните 3-1.
Силекс со денешната победа се израмни со Академија Пандев и Шкендија на табелата со по 27 бодови, односно има осум бода помалку од лидерот Вардар.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море