Loading Video...
Фудбал
27. April 2019 - 19:48

Силекс славеше против Победа

Фудбалерите на Силекс остварија минимална победа од 0-1 во дуелот со Победа кој Прилепчани како домаќини го одиграа во Турново.

Стрелец на единствениот погодок за гостите од Кратово беше Рајковиќ во 15. Минута.

Во Маџари каде Вардар ја пречека Беласица немаше победник. Гостите од Струмица поведоа рано со погодокот на Пепи Горгиев. Вардар по неколкуте неискористени шанси успеа да израмни со погодокот на Жуниор во 80-тата минута.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА

31. коло

Победа – Силекс 0-1

Вардар – Беласица 1-1

Македонија ЃП – Ренова 3-1

А.Пандев – Работнички 3-1

Шкендија – Шкупи 5-1