Фудбал
26. јуни 2020 - 15:42

Силекс ќе игра во ЛШ, Шкендија, Ренова и Шкупи во ЛЕ

Кратовски Силекс профитира од недобиената евролиценца на Вардар и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, донесе одлука Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Вардар беше лидер, арно ама поради финансиски проблеми нема да игра во елитата. Нивното место ќе го добие кратовски Силекс, кој ќе има и добра финансиска заработка од настапите во еврокуповите.

Ако не помине коло во Лигата на шампионите, Силекс ќе патува во квалификациите за Лига Европа, што значи дека го чекаат два европски меча.

Во квалификациите за Лигата на Европа, пак, патуваат Шкендија, Ренова и Шкупи. Шкупи го доби местото во Европа пред Македонија ЃП, по актуелната табела. Меѓусебните дуели се бројат само на завршено првенство во целост.