Фудбал
25. November 2020 - 16:44

Силекс ја елиминира Шкендија од купот

Фудбалерите на Силекс по подоброто изведување на пеналите ја елиминираа Шкендија во четвртфиналето на националниот куп откако во регуларниот дел немаше голови.

Бесарт Ибраими не успеа да реализира во последната серија по што успешен беше Карчески за радост на домашната екипа. 
Пласман во полуфиналето обезбедија Силекс, Македонија ЃП, А.Пандев и Струга ТЛ. 
КУП 1/4 финале
Силекс-Шкендија 0-0 (4-2)
А.Пандев-Шкупи 2-1
Беласица-Македонија ЃП 1-4
Струга ТЛ-Ренова 1-0