Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија

Ниту едно евро од парите на европските даночни обврзници во иднина не треба да се испраќаат во Украина бидејќи „постои голема веројатност дека парите ќе отидат за финансирање на воената мафија, мрежата за корупција“, изјави денес шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
-Гледаме како европските пари неконтролирано течат во Украина. Гледаме дека овие пари можат да се потрошат за финансирање на воената мафија. Не е ни чудо што никој во Европа не видел ниту еден веродостоен извештај за тоа како се потрошени парите испратени од луѓе во Украина, посочи Сијарто.
Тој додаде дека „се урна доминото на корупцијата во Украина околу украинскиот претседател“.
Сијарто, кој е во посета на Софија, посочи дека се согласиле со претседателот на Бугарија Румен Радев да ги поддржат мировните напори, како и договореното решение, бидејќи војната помеѓу Русија и Украина никогаш нема да заврши на бојното поле.
-Решение може да се постигне само преку дипломатски напори. Може да се постигне само на преговарачка маса. Затоа Унгарија останува подготвена да биде домаќин на самит за мир на високо ниво и продолжува да ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, наведе Сијарто.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
