Македонија
18. October 2021 - 12:37

Си ја задржа власта – Струмица доби нов градоначалник

Струмица го доби новиот градоначалник во првиот круг. Кандидатот на СДСМ и коалицијата Костадин Костадинов уште синоќа прогласи победа.  Според првичните резултати тој има освоено 13 760 гласови во однос на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ кој добил 10.291 глас.Во неговото прво обраќање Костадинов вети дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.

Во наредните четири години СДСМ повторно ќе го има мнозинството и и во советот на општина Струмица. Според првичните резултати со 12 623 гласа тие ќе имаат 13 советници. ВМРО ДПМНЕ добиле 9541 глас или 9 советнички места, а советничко место со освоени 1041 глас ќе има и независната листа на граѓанската иницијатива СТИГА Е .