Loading Video...
Тенис
11. September 2022 - 11:25

Швјонтек ја потврди доминацијата и триумфира на УС Опен

Полската тенисерка Ига Швјонтек потврди дека во моментов е најдобрата светска тенисерка. 
 
Прво рангираната на ВТА листата Швјонтек го освои трофејот на УС Опен откако во финалето во два сета ја победи 5-то рангираната во Њу Јорк, Онс Жабер од Тунис.
 
Првиот сет Швјонтек го доби со убедливи 6-2, додека во вториот се играше тајбрејк кој го доби со 7-5 за конечни 2:0 во сетови.
 
За полската тенисерка ова е трет трофеј од Гренд-слем турнирите прв од Њу Јок, откако претходно двапати триумфира на Ролан Гарос.
 
Вечерва на УС Опен, ќе се игра машкото финале во кое за трофејот ќе се борат Шпанецот, Карлос Алказар и Норвежанецот, Каспер Рут ќе играат во финалето 
 
Двајцата тенисери кои атакуваат на својот прв трофеј од Гренд-слем турнирите, со победа веќе утре ќе избие на 1 место на АТП листата.