Шведската полиција со предупредување за предизвик наречен – „допирање“ на ТикТок
Шведската полиција издаде соопштение во кое предупредува на вознемирувачки предизвик на социјалните мрежи. Тоа е предизвик во кој момчињата се поканети да ги „допираат“ девојчињата, да го снимат тоа, да го објават или да го испратат на други“. Полицијата ги повикува возрасните да пријават сомнителни злосторства, а предупредувње е испратено и до училиштата.
Шведските медиуми пишуваат дека ова е вознемирувачки предизвик на „ТикТок“ наречен „допирање“ (GROPE). Имено, од учесниците се бара да ги допрат девојките на 15 април, да го снимат и да го споделат видеото на социјалните мрежи. Не е јасно до кој степен се шири оваа информација, а полицијата се уште верува дека е потребно предупредување.
„Причината зошто сакавме да излеземе во јавноста и да предупредиме е да го свртиме вниманието на родителите на фактот дека однесувањето на родителите може да биде кривично“, изјави Мануел Фирмо, вршител на должноста заменик началник на локалниот полициски округ во Содермалм во Стокхолм, објави Афтонбладет.
„Младите не знаат какви се последиците, но на тоа гледаат како на забавна работа. И тогаш гледаме дека родителите можат да ја искористат можноста да разговараат со своите деца за тоа што е легално и што е соодветно“, вели тој.
Повикот првенствено беше раширен во форма на таканаречен „предизвик“ во апликацијата ТикТок. Платформата, која минатата година имаше 500 милиони корисници ширум светот, се користи за снимање на филмски клипови од 15 секунди.
Досега полицијата не добила никаква пријава дека некој снима нешто од овој тип.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација