Свет
19. November 2015 - 8:55

Шведска го зголеми нивото на терористичка закана

Шведските безбедносни служби вчера го зголемија нивото на терористичка закана од трет на четврти степен.

Ваквата мерка е преземена откако еден ирачки граѓанин, кој влегол на територијата на Шведска преку Германија, бил откриен како приврзаник на групата Исламска држава (ИД).

Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Југеман вчера изјави дека воведената гранична контрола на 12 ноември ќе биде продолжена за уште 20 дена.

Коментирајќи го зголемувањето на нивото на терористичка закана во земјата, Југеман истакна дека Владата наскоро ќе поднесе предлог во Парламентот за воведување кривична одговорност за лица кои патуваат кон Блискиот исток со цел приклучување кон терористички групи.