-->
-->
Швајцарката Холденер златна во алпска комбинација
-->
Венди Холденер од Швајцарија го освои златниот медал, во женската комбинација на Светското првенство што се одржува во швајцарскиот ски-ценар во Сент Мориц.
Таа, во првата трка во спуст оствари седми резулат, но со освоеното второ место во слаломската трка, на крајот сосема заслужено се закити со златото.
Второто место и сребрениот медат го освои нејзината сонародничка Мишел Жисин, додека Михаела Киргашер од Австрија беше трета и се закити со бронзата. Таа имаше најдобар резултат во втората трка (слалом), но по првата трка (спуст) беше пласирана на 11.место. Водечката од спустот Софија Гоџиа од Италија не ја заврши слаломската трка.
Утре, на петиот ден од шампионатот, на програмата е спуст трката во машка конкуренција
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација