Македонија
14. April 2016 - 18:52

Шумски пожар над Битола

Над битолското село Лавци попладнево избувна шумски пожар.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески на попладневната средба со новинарите рече дека гаснењето и локализирањето на пожарот го отежнува силниот ветер кој во текот на денот континуирано дува.

- Информиран сум од Територијалната против пожарна единица дека екипите се наоѓаат на терен и дејствуваат. Опожарена е нискостеблеста шума на површина од околу 3 до 4 хектари, додаде Талески.