Штуни: Косово е најзагрозена од поранешни џихадисти
Земјите од Западен Балкан, особено Косово, се најтешко погодени од бројот на повратници од воени зони во Сирија и во Ирак, покажало неодамнешно истражување на американскиот експерт за безбедност Адријан Штуни, јави ВОА на албански јазик.
Штуни вели дека нивото на опасност е значително зголемено со враќањето на џихадистите, жените и децата од зоната на конфликт, а најнелармантната состојба е на Косово, каде е забележан најголем број повратници џихадисти. Тој верува дека Приштина не може да си дозволи нивна реинтеграција во косовското општество.
– Враќањето на странски борци од терористички организации како ИД и Ал Каеда има влијание врз безбедноста во Западен Балкан – вели Штуни, кој е експерт за надворешна политика и безбедност.
Тој потсетува дека, според неодамнешната студија на експерти од Западен Балкан, околу 460 луѓе кои војувале за ИД и за Ал Каеда се вратиле во земјите од Западен Балкан и меѓу нив има жени и деца.
Според истражувањето, 260 ги загубиле животите во битки, додека 500 остануваат во зоната на конфликтот, со најголем број од Косово.
– Косово има околу 250 повратници. Цела европска заедница има 1.500. Верувам дека бројките зборуваат сами за себе – нагласи Штуни, пренесе РТК.
Штуни смета дека во Приштина немаат финансиски средства и експерти за борба против тој феномен и смета дека помошта од ЕУ е единствениот излез од сегашната состојба.
– Проблемот на Балканот не треба да се гледа во изолација и Европската унија треба да ја разбере оваа помош, не како помош за Балканот, туку како помош за зголемување на нивото на безбедност во Европа – рече Штуни.
Притоа, додаде тој, фокусот не треба да биде само на борците туку и на жените, кои исто така се индоктринирани за време на нивниот престој во зоните на конфликтот.
Тој истакна дека уште поголем проблем се децата, кои без неопходна рехабилитација што е долготраен процес, и во исто време ти не можат да одат на училиште.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош