Loading Video...
Спорт плус
10. February 2019 - 18:21

Штухец го oдбрани златото во спуст, а Вон со бронза ја заврши кариерата

Словенката Илка Штухец е старо-новата светска шампионка во најбрзата скијачка дисциплина спустот. 

Словенката денеска беше најбрза во спустот на на Светското првенство што се одржува во Оре, Шведска, со што го повтори успехот од пред две години Сент Мориц 

Таа зад себе ги остави Швајцарката, Корин Зутер со заостанување од 23 стотинки, како и  Американката Линдзи Вон која со заостана од 49 стотинки го освои бронзениот медал. 

Со освоената бронза легендарната 34 годишна Американка стави крај на својата богата кариера во која  има освоено осум медали на светските првенства..