Штрајк во „Бритиш ервејз“ ќе предизвика пет денови откажување на летови
Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавија дека ќе штрајкуваат три дена во септември, што може да резултира во откажување на летовите во најмалку пет денови по ред, јави Би-Би-Си.Пилотите најавија дека ќе штрајкуваат на 9, 10 и 27 септември, бидејќи нивните барања за платите не беа исполнети.
Според Би-Би-Си, иако првите денови на штрајкот ќе бидат 9 и 10 септември, на некои патници кои имаат летови од 8 до 12 септември им било кажано дека летовите им се откажани и дека тие резервирале нови билети или побарале поврат на средства.
„Авиокомпаниите работат многу комплексно и во моменти кога има многу проблеми, може да се појави домино ефектот на летовите во други денови. Ние правиме се што можеме за да спречиме да се случи оваа не-фер акција и да ги уништи планираните патувања на нашите клиенти “, се вели во соопштението на компанијата.
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија