Балкан
8. јуни 2016 - 19:23

Штрајк на здравствените и просветните работници во Грција

Вработените во државните болници и наставниците во Грција денеска стапија во еднодневен штрајк, барајќи исплата на заостанатите плати и поради недостиг на персонал како последица на владината политика.

Во болниците останал само персонал за итни случаи, додека лекарите, медицинските сестри и болничарите ги напуштиле работните места.

Во главните пристаништа Пиреја и Солун работниците протестирале поради приватизацијата која ја бараат меѓународните кредитори.

Четири часовен прекин имаше и метрото во Атина, не сообраќаа ниту трамваите, а штрајкуваа и железничките работници.