Македонија
19. March 2020 - 14:18

Што значи вонредната состојба во Македонија?

Вонредната состојба значи повеќе можности за Владата да се справува со коронавирусот и со економските последици.

Во однос на начинот на функционирање на државата и општеството, вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните.

Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот.

Маркетите и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите.

Во овој момент нема нови ограничувања на движењето на граѓаните.

Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

Уште еднаш сакам да ја поздравам иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.

На сите нас останува да се придржуваме до мерките и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот.