Што се пие и пуши во Македонија, сомнителна стока на домашниот пазар
Во контрола на продажбата на акцизна стока во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени алкохол и цигари.
При контролата одземени се 158,4 литри домашна ракија, 2,3 литри странска ракија, 3,2 литри узо, 0,7 литри коњак и 71 кутии цигари од (Лорд и Аура)
Од Царинската управа појаснуваат дека е утврдено оти алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе за продажба, не поседувале сертификат за здравствена исправност што ги прави потенцијално опасни за здравјето на луѓето.
Против прекршителите Царинската управа презема соодветни постапки.
Контролата спроведена во изминатите два дена во 41 трговско друштво.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија