Македонија
16. April 2021 - 13:48

Што мислите слама ли јадам, не водам кладилница туку државна институција, им кажа Џафери на пратениците

„И сега мене овде ми зборувате дека јас го попречувам носењето на пакетот. Тоа е срамота! Некоректно и неколегијално е тоа. Што мислите вие јас слама ли јадам овде? Што водам јас овде? Не водам кладилница туку државна институција. Процедури има и рокови има. Вие поднесовте 2000 амандмани на Законот за државјанство. За контра реакција да бидат 1000 амандмани на 3-те закони. Тоа е обезбедено право. Јас не навлегувам во тоа и ви давам процедурално објаснување, не политичко“, рече Џафери на вчерашната работа на Собранието која беше прекината по двочасовна расправа преку процедурални забелешки.