Македонија
17. јуни 2021 - 16:48

Што ќе донесе новата стратегија и слоган на ВМРО-ДПМНЕ?

Вртење на нов лист. Да се остави минатото зад себе и да се тргне во поход за освојување на неутралниот терен на политичката сцена. Ова се првите впечтатоци на политичките аналитичари за синоќешнотот ребрендирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Слоганот „Македонија за сите“, велат аналитичарите укажува и поместување во идеолошкиот спектор од десно кон центар.

И аналитичарот Арсовски вели дека ова е обид на ВМРО-ДПМНЕ кон себе да придобие нетрадиционални гласачи за партијата.

ВМРО-ДПМНЕ по повод 31 роденден на партијата  ги проморираше новите бои и стратешки определби. Во својот говор лидерот Мицкоски истакна дека е време за нова генерација политичари без концесии и безусловна волја за подобра Македонија за сите граѓани. Раководството на партијата најви дека цело лето ќе има теренски активности.