Што ќе бараат Русите на месечината, 50 години откако човекот прв пат стапна на земјиниот сателит?
Луна 25, според планираното, на Месечината треба да слета за десетина дена. Таргет на Русите, не случајно е јужниот пол. Теренот за слетување е неповолен, но се верува дека во кратерите има големи резерви на смрзната вода. Доколку ова се докаже како точно, од неа ќе може да се извлекува водородот кој натаму ќе се користи за ракетно гориво за други подолги вселенски мисии и правење бази на Месечината. Биолозите дури веруваат дека таа ќе може да се филтирира и во вода за пиење. Тоа значи дека во иднина, земјиниот сателит може да стане отскочна точка за натамошно истражување на сончевиот систем. Луна 25 е само прва фаза на руската програма за месечината. Втората е слетување на руските космонаути во наредните десетина години кога би требало да се постават и темелите на лунарната база, која треба да биде завршена до 2040. Во тој потфат Русија, според најавеното,ќе соработува со Кина. За експерите, ова е обид на Москва повторно да влезе во големата трка. САД веќе најавија дека со тековната програма Артемис планираат човечка мисија на Месечината веќе во 2025, а примарна цел им е Марс.
Во трката за Месечината деновиве се впушти и Индија. Нивното летало со роботско возило е лансирано на 14 јули, а на јужниот дел од месечината треба да слета на 23 август. Луѓето не стапнале на Месечината од 1972 та кога Американците го испратија Аполо со тричлена посада. Со договорот за од 1967 година ниедна држава нема право на територија на Месечината, но таков догвор за користење на ресурсите не постои.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
