Балкан
9. August 2016 - 11:50

Што го повлече Словенецот на дното? - Мистериозно исчезнувањето на пливачот

Андреј Беуц (34) од Словенија, исчезна по трагичниот скок во Дрина, а по неговото тело и натаму се трага.

Камерите го забележаа скокот на Андреј Беуц од повеќе различни агли, а на снимката точно се гледа дека по скокот излегува на површината на реката и бара помош, а потоа исчезнува во водата и му се губи секаква трага.

Некои забележале како покрај него има некакви сенки, па почна да се нагаѓа дека во прашање е сон, за кој во овој дел од Дрина се знае дека ги има и дека можат да ги повлечеат пливачите кон дното.

Foto: Printscreen YT

На снимките се гледа дека Андреј испливува на површината, а во исто време на неколку метри од него се појавува мистериозно суштество. За да биде помистериозна случката, Андреј и ова суштество истовремено нуркаат повторно во Дрина, а по неколку секунди иако доаѓаат нуркачките не успеваат да го спасат несреќниот Словенец.