Македонија
10. March 2019 - 19:30

Штипските пожарникари бараат еднаков третман на општините во исплатата на личен доход од блок дотации

Штипските пожарникари бараат подеднаков третман од државата кон сите општини. Додека за исплата на плата и придонеси за пожарникарите преку блок дотации во некои општини се покриваат и над 90%, во Штип голем дел од трошоците за личен доход се на терет на локалниот буџет.

-Во општина Штип (блок дотациите) покриваат некаде околу 40 %, останатите 60 % се на терет на општина Штип. И овде ја гледаме таа нерамноправна состојба, да не набројувам и да именувам други општини, но, тоа анализите го покажуваат и тоа го знаат- изјави Tони Атансов, командир на ТППЕ-Штип.

Досега на 2-3 наврати барале поддршка од надлежните институции да се корегира оваа соСтојба, односно, преку блок дотации да се покријат грото од средствата потребни за исплата на плата.

-Овие средства кои се наменети за плати на пожарникарите, доколку ги покрие државата, ние ќе имаме повеќе средства да одвоиме за опрема за пожарникарите, за лични средства за заштита итн. - додаде Атанасов.

Во меѓувреме општинскиот буџет дополнително е обремент за исплата на неплатени работни часови на пожарникарите во изминатите години, кои побарувањата штипските пожарникари ги побараа по судски пат.