Штипските пензионери шијат 3.000 заштитни маски
Пензионерките кои се членови на Здружението на пензионери-Штип почнаа слободното време да го користат во шиење на заштитни маски. Претседателот на здружението, Ристе Нетков вели дека до понеделник ќе се сошијат околу 3.000 маски.
-Ангажиравме поголем број на пензионери кои се вклучија во оваа, така да ја кажам, хумана акција, и маските ги шијат дома. Со нивна меѓусебна комуникација верувам дека маските за кратко ќе бидат готови, вели Нетков.
Тој најави дека маските ќе се делат на неколку пунктови.
–Во врска со изработката и дистрибуција на заштитните маски договорено е тие да се поделат пред влезовите од супер маркетите на Кит – Го во градот, во раните утрински часови во понеделник од 8.00 до 9.00 часот. Освен бесплатното делење на заштитни маски за пензионерите, ќе поделиме бесплатно и заштитни ракавици, информира Нетков
Во моментов, во дел од штипските конфекции се шијат околу 20.000 заштитни маски, наменети за вработените во здравствените институции, полицијата, АРМ, државните институции и за реалниот сектор, вакви маски за повеќекратна употреба добија и медиумските работници во Штип.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер