-->
-->
Штипските пчелари очекуваат да добијат поголеми количини на мед
-->
Пчералите од штиспкиот регион очекуваат добра година и поголема количина мед од своите пчелни семејства. Перо Ѓоргиев, пчелар, вели дека времето е погодно за пчелните семејства, а генерално климатските промени во изминатите години имале влијание врз пчеларството во овој регион, со што намалено им е и производството на мед.
-Во текот на денот има повремени дождови и Сонце. Тоа е добредојдено за пчелите, но доколку има дождови интензивно и го измие цветот и ги исчисти таму е критично за пчеларите. Сметам дека оваа година ќе биде добра, вели Ѓоргиев.
Иако, пчеларите годинава очекуваат поголеми количини мед, цената, вели тој, останува иста.
–Многу пчелари го продаваат медот за 350 денари и сметам дека тоа е е добро. Јас го продавам по 400 денара. Чист мед под 400 денари не смее да се продава, вели Ѓоргиев.
Во Источниот регион има околу 400 регистрирани пчелари и околу 15.000 пчелни семсјства. Со просечни приноси од околу 40 килограми по пчелно семејство, годишно во регионот се прозиведуваат околу 600 тони мед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација