Македонија
1. July 2018 - 15:55

Штипскиот театар се подготвува за Фестивалот на комедијата

Актерите на штипскиот Народен театар по учеството на фестивалите „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на скопската „Гола Месечина“ ќе гостуваат и во Куманово. На Фестивалот на комедијата во Куманово  ќе се престават со преставата „Умри машки“.

Актерот Ефтим Трајчев вели дека она што тие го работат на сцена треба да го види и публиката во земјава, но и да имаат и гостувања во странство.

- Патот на сите престави, водат кон фестивалите. Всушност тоа се гостувања во други градови во Македонија, по можност и во странство. Мислам дека треба да се фокусираме, за сите претстави што ќе ги создадеме да бидат видени и надвор од Штип, со тоа да ја афирмираме нашата култура и театрот како неминовен дел од нејзе, вели Трајчев.

Штипските актери ќе започнат и со  подготовки на две нови престави „Патувачки театар“ на Шопалович, во режија  на Билјана Радиновска и  „Три сестри“, а режијата ќе биде  на Јован Ристовски. Премиерите се закажани за октомври и крајот на декември оваа година.