Македонија
31. March 2016 - 14:38

Штипски „Исар“ почна со монтирање нови дигитални водомери

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со замена на старите со нови дигитални водомери.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев информира дека нови дигитални водомери прво ќе добијат жителите од населбата Пребег.

- Од денеска па до крајот на годината треба да се заменат вкупно 11.500 водомери во сите домаќинства во градот Штип. Станува збор за голем проект кој го реализира ЈП „Исар“, кој вреди 1.670.000 евра. Средствата се грант од Министерството за транспорт и врски, кои ги има обезбедено од Европската банка за обнова и развој, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека со поставувањето дигитални водомери во домаќинствата ќе се намалат и загубите на водата низ водоводниот систем, граѓаните ќе имаат измерено точно колкава загуба на вода имаат, а инкасаторите за наплата нема да им влегуваат во домовите.